Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во „Отвореното студио“ на ТВ21 порача дека морално и етички не соодветно е претставник од ДУИ да добие позиција претседател на Влада.
„Од моја перспектива ништо еуфорично не се случи денес, излеговме во технички процес, процес за организирање на избори. ВМРО-ДПМНЕ гласаше односно не гласаше, беше воздржана во своите ставови на гласањето по однос на господинот Џафери бидејќи сметаме дека и законски, но и морално и етички не соодветно е претставник од ДУИ, следејќи ги низата скандали, ќе набројам само две, пред некое време видовме дека момче од 28 години го купи ТЦ Соравија, пред неколку недели видовме како претседател на локален огранок на ДУИ во моментот кога на небото десетина авиони летаа влезе во Кулата за контрола на летање и затоа сметаме дека и морално и етички несоодветно е партија која нема ни тронка одговорност да добие позиција претседател на влада“, рече Муцунски.























