Погрешната и девастирачка политика на СДС и ДУИ во овој момент води само до избори. А, за избори покрај реалноста која потврди дека немаат мнозинство за уставни измени, има уште безброј причини кои ги отсликуваат нивните политички неуспеси, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа на прес конференцијата го порача следново:
Секој ден, недела, месец повеќе власт на СДС и ДУИ ќе значи продолжување на:
1. Уништеното образование – трета година по ред немаме учебници, нема квалитетно образование, генерации на ученици не добија квалитетна наука и настава;
2. Девастирана економија – инфлација која не се издржува, енормно задолжување на Македонија, највисок буџет до сега, а најсиромашен народ;
3. Катастрофален здравствен систем – низ кои се губат животи, нема соодветни терапии, криминал и во здравството, а таму никој за кои никој не одговара;
4. Безбедноста која треба да ни ја гарантира МВР и Спасовски подобро да ја нема – станавме држава во која криминалците се на слобода, а невините осудени, улиците станаа поле за пресметка на криминални банди;
5. Протестите станаа секојдневие – доказ дека незадоволство постои на сите нивоа, ги понижија пензионерите, ги оставија да преживуваат од ден за ден, наместо социјална држава станавме држава на социјална неправда;
6. Континуирано ни се зголемува бројот на иселување, населението се повеќе ни го нема, младите заминуваат во огромен број – а главната причина за тоа се екононските состојби за кои директно се виновни СДС и ДУИ, но и фрустрациите кои ги донесоа во општеството дека во Македонија нема перспектива;
7. Земјоделците се заборавени, нема ниту пласман за нивните производи, ниту поддршка од власта;
8. Бизнис секторот е на работ на пропаста, се затвораат компании, се губат работни места, а власта на СДС и ДУИ носи закони кои директно им го отежнуваат работењето;
9. Нема ниту инфраструктурен развој веќе 7 години – 2км автопат не можат да направат, чекаме со години за еден автопат од Кичево до Охрид кои им беше оставен започнат, а требаше само да знаат како треба да работат;
10. Владеење на правото во Македонија не постои – владее криминалот и корупцијата, заштитата на криминалците доаѓа директно од врвот на власта, нема независно судство, нема никаква правда во државата.
Почитувани, и може уште два пати по волку да се набројува, но политичката реалност е една – власта на Ковачевски нема никаков легитимитет, комплетно е поразена нивната политика која ја однесе Македонија на дното.
Затоа, потребни се избори, кои се единствено разумно решение за излез од кризата, а се друго е губење време за Македонија и македонскиот народ.