Во информативната програма на Слободен печат, претседателот на НСДП и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски зборуваше за очекувањата од техничката влада и работата на новиот премиер Талат Џафери и новиот спикер на Собранието Јован Митрески.

“Убеден сум дека Талат Џафери ќе биде одличен премиер, како што беше одличен претседател на Собранието. Убеден сум и дека Јован Митрески кој беше одличен координатор на пратеничка група, ќе биде одличен претседател на Собрание. Собранието функционира во полн капацитет, вчера добивме најмалку 10 закони од страна на Владата, согласно правилата новиот претседател се обрати до Владата и владата на седница заклучи дека останува зад подготвените закони и тие ќе бидат носени во соодветна собраниска процедура“ порача Мисовски.