Новинарот и сопственик на порталот „ТетоваСот“, Рами Мислими, упати јавен апел до портпаролката на Владата, Венера Азизи, за решавање на прашањето со монополизирањето на владините огласи и нивното објавување исклучиво во печатени медиуми. Според него, оваа практика е штетна за државниот буџет и не им служи на граѓаните.

„Венера е една од првите албански портпаролки во Владата и токму таа треба да ја преиспита една од најскандалозните одлуки на претходната власт, која продолжува и денес – објавување на огласи во дневни весници што не допираат до граѓаните,“ истакна Мислими.

Тој дополнително, во свот апел на Фејсбук нагласи: „Денес, кога 90% од граѓаните се информираат електронски, зошто Владата троши милиони евра на весници со минимална читателска публика? Каде е интересот на Владата да троши за услуга што граѓаните не ја добиваат?“

Мислими побара Владата да го поддржи развојот на онлајн медиумите, како што се и порталите на албански јазик.

„Ајде, тие милиони евра да ги споделиме со сите онлајн медиуми на албански јазик, зошто само Газета КОХА? Каква е оваа страшна монополизација во оваа држава. Каде е дигитализацијата на медиумите? Каде е транспарентата поддршка за медиумите? Затоа верувам дека Венера сериозно ќе ја сфати оваа иницијатива и ќе ја однесе до крај со помош на Изет Меџити и Арбен Таравари. Очекуваме добар пат во оваа насока. Инаку нема ЕУ“, порача Мислими.

Од друга страна, портпаролката Венера Азизи денес ја уверуваше јавноста дека Владата работи на подобрување на транспарентноста и на соработката со медиумите.

„Веруваме дека пристапот до релевантни информации е основа за силно општество. Заедно со медиумите развиваме решенија за поголем пристап и транспарентност,“ изјави Азизи.