Македонскиот кикбоксер Силвио Мировски го освои второто злато за Македонија на 29. Унгарски Светскиот куп во Будимпешта, Унгарија.
Во финалето во лоу кик категорија постари јуниори -71 кг, Мировски го победи и Иван Боротаји од Украина со 3:0. Претходно во полуфиналето славеше над уште еден Украинецот, Владислав Камзирчук исто така со 3:0.
Македонската репрезентација на ова натпреварување освои пет медали од кои две злата, едно сребро и две бронзи.
Претходно, златен медал на нашата земја и донесе Марија Димовска која во финалето ја совлада Тријада Антупулу од Турција со 3:0.
Антонио Трендов се закити со сребро, додека Калин Бабоски и Александар Димовски освоија бронзени медали