Министерството за здравство на Република Бугарија создаде организација за давање медицинска помош доколку е потребно на настраданите од пожарот во Северна Македонија.
Во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, формиран е штаб во Министерството за здравство, предводен од министерот за здравство доц. Силви Кирилов. Создадена е потребната организација за да се обезбеди, доколку е потребно, целосна медицинска помош на настраданите од пожарот.
Министерот Кирилов е во континуиран контакт со министерот за здравство на Република Северна Македонија и ја гарантира подготвеноста на Бугарија да пружи помош и поддршка. Тој изрази сочувство за жртвите и изрази сочувство до роднините на загинатите.
Одржани се разговори се и со раководствата на медицинските установи во земјава за прием и последователно лекување на тешко повредените, но и на помалку повредените. Во готовност се екипите на клиниките за изгореници при Н.УМБАЛСМ. И. Пирогов“, ВМА-Варна, „Св. Георги“ – Пловдив. Центрите за итна медицинска помош и тимовите на Центарот за медицински услуги по воздух се исто така во подготвеност за да реагираат по потреба, стои во соопштението на бугарското Министерство за здравство.