Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција.

-Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што  Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја, велат од Министерството за правда.