Апелацискиот суд преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел и ги потврди.На Миле Јанакиески мусе намалува казната за девет месеци и сега ќе треба да одлежи 3,6 години. Гордана Јанкуловска сега добива условна осуда наместо 2,5 години казна затвор.
Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Инаку, во февруари минатата година беше изречена пресудата за случајот „Титаник“.
Поранешните министри за внатрешни работи и транспорти и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, по изјаснувањето за виновни за обвинението, од Кривичниот суд Скопје, беа осудени на вкупно седум години казна затвор. Јанакиевски беше осуден на вкупно четири години и шест месеци затвор, додека Јанкуловска, на две години и шест месеци затвор.
Обвинетиот Мартин Протугер беше осуден на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира ако во следните пет години не стори ново кривично дело. Исто така на иста условна осудени беа осудени и поранешната заменичка – министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковски и обвинетите Кирил Тодоровски и Катерина Веловска.
Обвинетиот Мунир Пепиќ беше осуден на казна затвор од една година, додека Коста Митровски беше осуден на три години казна затвор