Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево се сретнал со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“. Како што се вели во партиското соопштение, било констатирано дека Коалицијата остварила успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата. Мицкоски добил поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада. Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се водат на основа  на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, се вели во партиското соопштение.