Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски оствари средба со амбасадорот на Република Македонија Андраш Клајн во Република Македонија.
Претседателот Мицкоски му се заблагодари на унгарскиот амбасадор Клајн за несебичната поддршка и пријателски однос на Унгарија кон Македонија и го информираше за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот процес на државата
Од страна на Мицкоски беше нагласено дека Македонија се соочува со висок степен на криминал и корупција од страна на владата на СДСМ и ДУИ, укажувајќи дека тоа не само што го потврдуваат граѓаните на анкетите спроведени од домашни и меѓународни истражувачки агенции, туку го нотираат и стратешките партнери на државата.
Претседателот Мицкоски додаде дека и поради економската состојба и животниот стандард на граѓаните кој е катастрофален се поголем број на граѓани се иселуваат, нагласувајќи дека излез се брзи предвремени парламентарни избори.
Мицкоски го афирмираше ставот на партијата дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не поддржува уставни измени под бугарски диктат со уцени и нови барања од соседна Бугарија, потенцирајќи дека преговорите треба да се темелат и водат врз вистински европски процедури и вредности.
Соговорниците се согласија средбите да се интензивира и во следниот период.