При денешната посета на општина Кисела Вода претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски тврди дека не знаел ништо за случајот со Мерко истакна дека Ковачевски знае да е премиер, да ужива привилегии и да троши народни пари а не знае што се случува во државата, затоа неопходни се избори помеѓу останатото и за да биде одглавен евроинтегративниот процес во Македонија.
„Тука не знам што е пострашно, дали прво е пострашно тоа што тој ништо не знае, а е премиер, знае да е премиер, и да ги ужива привилегиите што е премиер и да ги троши народните пари, за тоа знае, а ништо не знае што му се случува во државата. Ако јас не знам што се случува во државата а сум премиер, тогаш за што сум премиер, тогаш подобро да си заминам, нема потреба да бидам премиер. Тој не е аналитичар, да е аналитичар ќе го викаат на ТВ дебати со новинари па ќе прави анализа, тој треба да постапува. Второ, од како дозна што направи? Еве сега дозна, веќе не може да каже не знам и сега што правиме, што направи? Ништо, тоа е суштината и заради тоа мора тие да си заминат бидејќи колку подолго се таму, толку посиромашен е народот и толку повеќе Македонија ќе губи. Тоа е пораката, затоа час поскоро избори, меѓу другото и да биде одглавен евроинтегративниот процес во Македонија. Меѓу другото и тоа затоа што вака како што ја тераат работата не само што ќе се заглавиме, не само што ќе го испуштиме туку и уште долго време ќе бидеме во чекалната“, нагласи Мицкоски.