Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до сограѓаните Албанци по повод 22 ноември, Денот на Албанската азбука.
-На сите наши сограѓани Албанци им го честитаме 22 Ноември, Денот на aлбанската азбука. Денес пред 115 години во Битола, која тогаш била седиште на Битолскиот вилает на Отоманската Империjа кој опфаќал во себе територии од денешна источна Албанија за првпат е унифициран албанскиот јазик на основа на неговиот Елбасански дијалект, тоа го направиле писатели, учени дејци на кои Албанците и денес се горди. Во тие важни моменти за нивното постоење Македонија и македонскиот народ како нивни соседи и сограѓани секогаш сме биле нивни пријатели, и тоа пријателство трае до ден денес, напиша Мицкоски.