Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека не планира оставка, а најави и дека по изборите ќе биде министер.

– Оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си морален, јас не планирам оставка.

-Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници, вели Меџити.

Тој воедно ги демантираше дека ќе ги разреши директорите од ДУИ.

-Не планирам да разрешам никого додека сум јас министер. Тоа се шпекулации на Артан Груби. Нема да ги разрешам, мирно нека спијат, изјави Меџити на брифингот со новинарите.