Изет Меџити, поранешен функционер на ДУИ, кој наскоро ќе има своја партија, во интервју за Алсат вели дека Ахмети за да ја спаси оваа власт, или како што вели власта на Груби, голем дел од позициите ги поделил со Алијанса за Албанците.

-Г. Ахмети за да ја спаси оваа Влада, добар дел од власта ја подели со Алијанса за Албанците и тоа беше само да се спаси владатана  Груби тогаш се обидоа да го покријат тоа наводно со зголемување на  бројката, да има 80 пратеници за уставните измени но денес се гледа дека целата политичка акробација се направи за да се спаси извршната власт, и овие денови гледаме дека мамат со власт и експоненти од Беса, Алтернатива, а се обидуваат и кај Демократското Движење,  толку многу делат власт не знам што ќе остане за ДУИ. Овој е првиот пристап, вториот пристап е со притисоци, со политички разрешувања од владини и партиски позиции, сега се обидуваат преку владата да прават притисоци како што е одземањето на надлежностите на училишта, но ова покажува дека кај нив има страв, паника и ова уште повеќе го иритира народот и мислам дека ќе го добијат вистинскиот одговор во вистинското време, рече Меџити.

Целото интервју на Алсат.мк