ЗОРАН ИВАНОВ

Да ти дојде дипломат гостин дома и да те прими, читај повика, на неговиот терен, Калето, наместо Ти него на својот, нели Белата палата, темата во овие неколку редови е за средбата Мицкоски – Ескобар, всушност прецизно, за средбата Ескобар – Мицкоски, а кажано во една реченица, е малку извртено зашто реперите утврдени во меѓународната теорија па и искуствата од меѓународната практика, точно прецизираат дека странецот е гостин, а домицилниот е, или барем би требало да биде, домаќин во својата земја, но, добро, тоа е, малку заушки за домаќинот кого гостинот го спакува во улога на гостин, а гостинот се отпакува и се прикажа во улога на домаќин и, ете, некако сè си доаѓа каде што и му е местото – мало понижување според заслужената заслуга.

Превземено од Цивил Медиа