Марија Малмер Стенергард денеска е именувана за министерска за надворешни работи на Шведска.
Таа доаѓа на местото на Тобиас Билстром, кој минатата недела се повлече од функцијата, што доведе до поширока реконструкција на Владата и смена на неколку министри.
Малмер Стенергард е од владејачката десничарска Умерена партија. Таа претходно беше шефица за миграција и дел од владината ревизија на имиграциската политика, радикална промена преземена во соработка со десничарските Шведски демократи што наиде на критики од активистите за човекови права.
– Поддршката на Украина е најголемата надворешнополитичка задача во наредните години. Шведска ќе ја поддржува Украина сè додека е потребно, истакна премиерот Улф Кристерсон.