Сега е официјално, она што се најавуваше во изминатите неколку денови. Елиф Елмас е нов играч на германски Лајпциг, откако попладнево и официјално, по медицинските тестови, го стави својот потпис на договорот. Засега не се познати деталите, сигурно во текот на денот ќе бидат објавени, а она што од претходно е познато дека трансферот е вреден 25 милиони евра, а тој ќе заработува 3 милиони евра годишно.

Од овој трансфер ќе заработат и поранешниот негов клуб Фенербахче и тоа 1,5 милиони евра, како дел од договорот со Наполи, но и Работнички, поради правилата за тренажна компензација, односно поради тоа што потекнува од фудбалската школа на Работнички.