Амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името Република Македонија, од 12 февруари се неважечки, пренесува МКД.мк.

Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
Рој вели дека се работи за сериозен скандал затоа што ниту МНР, ни амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.























