Мирјана ВАСИЛЕВА
Туристите повторно се враќаат во Хрватска откако пандемијата го десеткуваше нејзиниот клучен сектор туризмот, но земјата на брегот на Јадранското Море има проблем: и недостигаат работници.
Поради хроничниот недостаток на работници во туризмот, Хрватска регрутира луѓе во соседните балкански земји, па дури и во Азија и во африканските земји.
Од регионот најмногу дозволи годинава се издадени на сезонски работници од Босна и Херцеговина, од Србија, а само во Далматинско-сплитската Жупанија се евидениртани 1783 македонски работници, не вклучувајки ја бројката на издаени дозволи за работа во другите туристички центри, дубровничкиот и истарскиот регион, каде што неофицијално се говори дека сезонски разботат околу 4000 Македонци и Македонки.
Хрватска усвои квота за „увоз“ на 38.000 сезонски работници
Во Хрватска има сѐ повеќе странски работници, особено на јадранското крајбрежје и на островите, каде што, според тврдењата на угостителите туристичката сезона тешко би завршила успешно без нив. Според прогнозите се очекува дека Хрватска ќе имаат потреба од уште мноу странски работници во наредните години, поради што сѐ погласни се повиците за дополнително регулирање на увозот на работна сила.
Главната причина за ваквата состојаба, е тоа што што Хрватите по влезот во земјата во ЕУ, масовно заминаа во западноевропските земји. Поради тоа Стопанската комора алармираше властите што поскоро да го регулираат пазарот на трудот со посебни стратегии за да се намали недостатокот на работна сила.
Хрватската влада на барање на работодавачите уште во 2018 година одобри квота за увоз на работна сила на 29.769 дозволи за работа и престој на странци во Хрватска. Кога на тоа ќе се додаде продолжувањето на постоечките работни дозволи, тогаш вкупната квота за вработување на странци во Хрватска, според податоците на Хрватската служба за вработување (ХЗЗ), изнесува над 38.000 лица.
Но, овој процес продолжува и во екот на туристичката сезона. Хрватските медиуми не случајно информираат за состојбата потсетувајки дека да не беа сезонските работници од балканските земји и од Азија, туризмот во Хрватска ќе колабираше.
„Слободна Далмација“ информира дека полициската управа на сплитско-далматинската жупанија, во подрачните оделенијата за издавање дозвли за работа и престој, деноноќно работат и до 15 август се издени околу 12.000 документи од кои што околу 7000 дозволи за работа за секторот туризам и хотилиерство.
Од Балканските земји најбројни се работници од Босна и Херзеговина, 3024, од Северна Македонија само на средно далматскиот регион и на островите работат околу 1783 од кои што 316 работат на островат Хвар, од Србија над 2000 добиле работни дозволи за работа, а на јадранскиот брг во туристичкиот сектор работат и Непалци, Индијци, и сезинци од некои африканските земји.
Средба со нашинци на привремена работа во Далмација
За време на претојот во Сплит, за порталот Рацин, разговорав со газадата на ресторанот „Бава“, Дарко Пулиќ од Стобреч, мало туристичко атрактивно место одалечено од Сплит 7 километри каде што работи мала екипа на македонски работници. Битолчаните Милан Златко и Горан, кичевчанецот Сашо, како и брачниот пат од Крушево, Билјана и Зоран
„Кај нас не можете да најдете работник, никој и несака да работи, а и периодот на короната дополнително ни создаде тешкотии, ни кажа газда Дарко, но тоа помина, и еве вредните Македонци дојдоа. Веднаш се договориме што знаат да работат, а што не. На почетокот со сопругата бевме скептични, но таа помисла веднаш исчезна, откако видовме со какви професионалци ќе работиме. Мојата сопруга му помогна на главниот готвач да ги совлада вештините на кулинарството на даматинската кујна, која е најбарана во оваа коноба, како што е црното рижото со морски плодови, јагнешкото со боб и секако паштетата од риба, како и уште многу други јадаења кои се ставени на нашето мени“.
Дарко е многу задоволен од работата на неговите вработени. Сите по договор си ги делат обврските, добиваат редовна плата, а газдата ги подмирува и кириите за изнајмените станови каде што се сметени во градот.
Во конобата „Бива“ атмосефрата е како што доликува на еден реномиран ресторан кој што е сместен веднаш на брегот. Гости има од рано наутро па до навечер. Странските туристи доаѓаат не само поради амбентот и добрата услуга, туку и поради богатата трпеза.
Работа има, вели сопстевникот Дарко, но и има и додаток на плата, бидејќи тој многу добро го осетил печалбарскиот живот уште како млад, работејќи, како во Хрватска така и во Германија, со година за да на крај сепак одлучи со сопругата да каже доста е работа во странство и повторно од почеток започнаа со работа која најмногу ја сака и знае, а потврда за тоа се задоволните клиенти. Тој намногу е среќен кога гостите се најзадоволни од комплетната услуга.
И додека разговаравме во пријатна атмосфера, во името на нашите сонардници сезонски работници, коишто поради обврските мораа да работат, ни се придружи Мичо од Битола. Ни раскажа дека има стекнато богато искуство работејќи во некои земји од Европската Унија, но и дека во последните години многу попримамливо и поубаво е да се работи во Хрватска. Не само поради заработувачката туку, како што рече блискоста што ја чувствува со овој народ. Иако работата му одзема поголем дел од денот, тој со неговите колеги кога имаат малку слободно време најмногу го користат за пливање на една од плажите во Стобреч.
И Хрватска страда од глобалниот недостиг на работна сила
За проблемите со кој се соочува хрватското стопанство од недостаток на работна сила, вклучувајки го и секторот во туризам, експертите велат дека во идните сезони ќе бидат уште поголеми и за тоа преупредувале со години.
Дел од Хрватските медиуми во анализите на темата каде оди туризмот потсетуваат дека и покрај тоа што квалитетот на услугата во туризмот опаѓа, сепак работодавачите претежно се задоволни од увезената работна сила од змјите од регионот.
Што се однесува до заработувачката, весникот „Слободна Далмација“ пишува дека најмногу заработуваат келнерите, ако не се бројат готвачите кои секогаш и секаде се добро платени и заработуваат од 2000 до 2500 евра. Почетната плата во рестораните или хотелите за келнери е од 600 до 800 евра и речиси секогаш е обезбедено сместување, но и храна, а со бакшишот може да се заработи уште една плата. Смените се најчесто двојни и келнерите работат 12, а понекогаш и 14 часа.
Иако хрватската влада годинава одобри „увоз“ на околу 30.000 нови странски работници, податоците на хрватското МВР од 10 август покажуваат дека неисполнети се нешто помалку од 13.000 работни места. Недостигот од работници се чувствува не само во туризмот, каде што се слободни уште 2.200 работни места, туку и во градежништвото, бродоградбата, транспортот, индустријата и земјоделството, па дури и во културата. На пример, сè уште се бараат дури 12 балетски уметници и тројца оперски пејачи, како и 12 лекари, пет стоматолози и исто толку фармацевти, па дури и пет инструктори за кучиња водичи.
Превземено од Рацин.мк