Шеесет и девет годишната Милица Гелова, за која македонската јавност се крена на нозе, откако нејзиното семејство објави дека се изгубила во Грција, на пат кон Лефкада, безбедно пристигнала дома, пишува „Фактор“.
Според нејзиното семејство, утринава, на пат кон Македонија, во автобус, еден од патниците и испратил слика на роднината чии апели се споделуваа на социјалните мрежи, по што констатирале дека е Милица.
Инаку, кога пристигнала дома, на семејството им раскажала дека додека патувала од Агростоли до Фискардо, со автобус, на патот имало застој, и затоа го пропуштила бродот, на кој требала да се качи во 11.30 часот за да стаса до Василики на Лефкада, каде ја чекал роднина.
Со оглед на тоа што сѐ уште не се знаат сите детали, а Милица ги пропуштила сите наредни бродови до Лефкада, жената останала на плажа, каде ја поминала ноќта.
Утринава безбедно пристигнала дома во Неготино, и во моментов е со своето семејство.
Нејзините блиски и се заблагодаруваат на македонската јавност и на медиумите кои споделуваа и пишуваа за Милица, за нејзино брзо наоѓање.