Литванија планира да купи германски тенкови „Леопард 2“ за нова армиска дивизија, изјави министерот за одбрана Лауринас Касчунас, пренесува ДПА.
Сепак, не се прецизирани бројот на тенковите ниту цената на договорот, кој треба да биде финализиран до ноември.
Земјата, која е членка на НАТО и ЕУ, ја зголемува својата воена сила поради заканата од руската агресија во Украина, како и поради близината до руските и белоруските граници. Литванија исто така планира постојано присуство на германска оклопна бригада.