За време на официјалниот престој во Вашингтон, лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити ги продолжуваат средбите со високи американски претставници.
Во партиското соопштение се вели:
Тие денеска во Вашингтон беа примени од конгресменот Jim Himes, копретседател на Претставничкиот дом на САД и дел од парламентарната група за албански прашања. На оваа средба уште еднаш беше нагласена исклучително виталната улога на САД во одржувањето на мирот и стабилноста и покрај постојаните обиди за негово загрозување. Албанско-американското пријателство, кое дава посебен придонес во политичкиот живот во регионот, треба уште повеќе да се продлабочува. Лидерите на ЕСП со конгресменот Jim Himes го споделија истиот став за потребата од понатамошна демократизација на земјата, како и за виталното значење на интеграцијата на земјата во ЕУ како единствена алтернатива за регионот. Во оваа прилика, на конгресменот Jim Himes му беше претставена загриженоста за опасните димензии на корупцијата во Северна Македонија, проблем кој се претвора во главна пречка за отворање на земјата кон интеграција во европското семејство, што се докажува и со вклучувањето во американската црна листа на експоненти од владеачки политички субјекти на Северна Македонија.