Лекот „Оземпик“ за лекување на дијабетес како фалсификуван се продавал и во аптеките во земјава, предупредуваат здравствените власти. Од Агенцијата за лекови, Малмед, соопштуваат дека добиле претставка дека пронајден е фалсификат на овој лек кој се продавал во аптеки, иако лекот не е дозволено да се продава во секоја аптека, туку само во болнички или други здравствени институциите на државата. Според информациите, овој лек се продавал без рецепт, без препорака на лекар специјалист и за лекување на други болести, како што е дебелина, а не за неговата основна намена – дијабетис.

„Пријавата до МАЛМЕД е примена кај носителот на одобрението кој има лиценца за дистрибуција на лекот Оземпик на пазарот. МАЛМЕД врши и инспекциски надзор во рамките на своите надлежности во областа на дистрибуција и продажба на лекот Оземпик низ територијата на РСМ, но досега не најдовме конкретен случај. Злоупотребата на овој лек е многу актуелна и тоа е последица на препораките на социјалните мрежи и влијанието на познати луѓе (инфлуенсери) кои го наметнуваат врз граѓаните. Оваа појава е поприсутна, особено кај младата популација. Примената на лекот за слабеење е надвор од одобреното подрачје на индикација и претставува ризик по здравјето“, велат од МАЛМЕД.

Извор Алсат.мк