Законска обврска за техничката влада е да организира фер и демократски избори, а Либерално-демократската партија останува на европскиот пат ставајќи го интересот на граѓаните и на државата на прво место заедно со пратениците од мнозинството.

-Како партија нема да дозволиме деструктивните сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да успеат само затоа што нивниот најголем проблем е изборот на Талат Џафери кој беше министер и носител на висока функција во периодот на нивната влада во минатото. Исто така, неодговорно e да се предложат министри, да се прави кворум, а потоа да не се гласа за сопствените министри. Во изминатите години ЛДП покажа дека е партија која е стожер на прогресот и знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја, додаваат од ЛДП.

Во Собранието во тек е 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на техничка влада. Дневниот ред беше изгласан со 66 гласови „за“, без против и воздржан. Во салата имаше регистрирано 108 пратеници.