Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави списокот со повикани играчи за претстојните натпревари со Грција.

На списокот на Лазаров се наоѓаат:
голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.
леви бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски и Емилијан Ѓоргоновски.
средни бекови: Иван Џонов, Игор Ѓоргиев и Марко Митев.
десни бекови: Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов и Давид Савревски.
десни крила: Ненад Костески и Никола Костески.
леви крила: Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ.
пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски и Марко Стојковиќ.
дефанзивец: Едвин Омерагиќ.

Натпреварите ќе бидат контролни и се во рамките на ЕХФ неделата (30.10 – 05.11).

Средбите со Грција ќе се играат на 3 и 4 ноември. Собирот на ракометарите се закажува за 30 октомври во Скопје.