И покрај сите предупредувања од СДСМ дека се доцни и лошо се координира со кризата, владата на ВМРО-ДПМНЕ доцни со носење одлуки и организација на сите расположливи ресурси.
СДСМ како одговорна партија не сакаше да долева масло на огнот во кризата и ги остави институциите да ја вршат работата, но сега е јасно дека Владата нема капацитет да се носи со предизвиците и прави погрешни проценки за состојбите.
Мора да се обезбеди правилно и поефикасно користење на сите ресурси на државата во борба со пожарите.
Управувачкиот комитет бараме итно да направи план за распределба на достапните ресурси и превенција на кризните точки.
Во моментов не е јасно ниту дали се ангажирани републичките противпожарни сили преку дирекција за заштита и спасување. Доколку не се, потребно е целосно нивно ангажирање како и поголема мобилизација на армиските сили.
СДСМ смета дека недоволно и ненавремено се ангажираат армиските сили во поддршка на гасењето на пожарите. Бараме нивно поинтензивно вклучување и поддршка.
Министерот Панче Тошковски или конечно да се разбуди или итно да биде сменет. Не може да гори 5% од теротиријата, да има изгорени илјадници километри квадратни шума а министерот којшто е надлежен да управува со комитетот за кризи никаде да го нема.
Бараме целосно да се посвети на управување со кризата и Управувачки комитет да е во постојано заседавање или целосно да се повлече, да биде заменет.
Чувството на граѓаните е дека едноставно Владата се обидува упорно да ја минимизира кризата со тоа што тера политичките агенди како ништо да не се случува.
Ова е неодговорно и погрешно. Ова потрвдува дека овие функционери не се дораснати за позицијата и дека во секоја следна криза наместо борба гради во гради ние ќе гледаме обиди за преансочување на вниманието на граѓаните.
СДСМ ќе остане конструктивна во своите апели и поддршка на институциите со конкретни предлози.
Активистите и членовите на СДСМ ќе бидат на терен со граѓаните секогаш кога е потребна поддршка. Потребно е сите заедно да придонесеме што побрзо да се заврши пеколот од кој изгореа над 5% од територијата на земјата.
Одговор на новинарско прашање:
Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се изјавите на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде?
Мицкоски по повеќе скандали се уште го штити Тошковски кој демонстрира страшна неспособност и мора да си поднесе оставка. МВР е претворено во институција која нема контрола над затворениците, над мирот и безбедноста. Ако на тоа се додаде неспособноста на Панче Тошковски да управува со кризата со пожарите, тој не заслужува да биде во Владата.
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ