Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн денеска го одобри назначувањето на Паетонгтарн Шинаватра за премиерка, два дена откако парламентот ја избра, што го отвори патот за формирање на кабинет во наредните недели, објавија британските медиуми.
Одобрувањето на кралот, кое беше формалност, беше прочитано од секретарот на Претставничкиот дом, Апат Сухананд на церемонијата во Бангкок.