„Тоа се трите основни придобивки од зачленувањето во ЕУ. Државите кои се зачлениле, во првите 5 години имаат од 70 до 100% зголемување на платите на нивните работници, имаат од 80 до 90 проценти зголемување на БДП. Погледнете ги само Словенија и Хрватска. Ние овде од буџетски пари субвенционираме земјоделие, добиваме најмногу во регионот 100 милиони евра од ЕУ, знаете земји членки, Хрватска и Словенија колку ќе добијат? 6 милијарди евра. Тоа е разликата од земја членка до земја кандидат.
Земја членка добива европска помош 11 пати поголема од ЕУ – фондови по глава на жител од земја кандидат. Сето тоа ние сега ќе го оставиме на страна, за да ги слушаме празните муабети на политичари од минатото и некој кој сака да ја задржи својата позиција по секоја цена. Државата тоа не го заслужува, тоа го виде 11 години. 11 години го гледаше“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека клучно за државата е европската коалиција да продолжи да биде силна за да ја однесе државата во ЕУ.
„Едно е сигурно дека клучно во државата е европската коалиција или европскиот фронт да биде силен, единствен за да може државата неповратно да ја стави на возот за Брисел“, потенцираше премиерот.