Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање денеска се осврна на вчерашните инциденти пред натпреварот меѓу фудбалските клубови Шкупи и Левски од Софија, кој се одржа на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Тој немаше информација дали Бугарија испратила протестна нота, но рече дека доколку дошло до тоа, Министерството за надворешни работи соодветно ќе одговори.

На истиот настан претходно, министерот Оливер Спасовски посочи дека бугарските навивачи кои вчера организирано пристигнале на граничниот премин „Деве Баир“, добиле полициска придружба и во кордон биле донесени до стадионот во Скопје за да го проследат натпреварот.

Поради нереди настанати на влегувањето во стадионот, полицијата уапсила 19 бугарски навивачи. Дополнително, полицијата привела и уште двајца од редовите на навивачката група на Шкупи.

Истата вечер во Чаир беше прободен бугарски државјанин. Спасовски кажа дека инцидентот со прободувањето на бугарски навивач се случил оти возилото неорганизирано поминало низ Чаир и оцени нападот е резултат на провокација. Напаѓачите се идентификувани.