„На избори се гласа или ‘за’ или ‘против’. Јас секогаш сум мислел дека треба да се гласа ‘за’ бидејќи гласајќи ‘за’ вие гласате за една извесна иднина и за еден извесен план гласајќи за СДСМ и коалицијата за европска иднина за извесен план до 2030та година да станеме земја членка на ЕУ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Тера.

 

Тој додаде дека и не само поради членството во ЕУ, туку и за подобро владеење на правото, подобар животен стандард, подобра борба против корупција, подобро здравство, подобро образование.

 

„А доколку се гласа ‘против’, вие можете да гласате против одредена политичка опција меѓутоа на крајот на денот можете и да се случи да гласате против самиот себе или против иднината на вашите деца“ рече Ковачевски.

 

Претседателот на СДСМ додаде дека ние видовме како владее таа конзвервативна опција 11 години, кога државата не напредуваше во евроатлантските интеграции и завршивме како заробена држава, без слободни медиуми, без унапреден животен стандард.

 

„Три пати помала минимална плата имаше во тоа време и многу процеси беа застанати во државата“ рече Ковачевски.