Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени. Ваквите обвинувања што ги изнесе вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој ги отфрли како инсинуации и како работи кажани на митинг кои немаат никаков допир со реалноста. Мицкоски вчера, на изборниот митинг во Тетово, рече дека наводно Ковачевски заедно со Али Ахмети, Артан Груби и Стево Пендаровски, правел план за носење на измените на Кривичниот законик за да се обезеди мнозинство за уставните измени.

-Ниту имало некаков состанок во вила „Водно“ на кој се разговарало за какви било измени и на кој било закон, ниту со тие измени се планирало какво било гласање на уставните измени. Со индигнација ги отфрлам тие инсинуации, изјави Ковачевски.