Во таа насока е оценето дека е од суштинско значење Северна Македонија да продолжи да се движи напред, по членството во НАТО и кон полноправно членство во Европската Унија.
Ова, како што е констатирано, ќе го осигура квалитетот на живот на граѓаните во земјава, во насока на унапредување на животниот стандард, квалитетот на услугите, владеењето на правото, што се клучни граѓански интереси.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за долгогодишната принципиелна и конструктивна соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), којашто води кон унапредување на демократските процеси во државата.
„Владата и јас како премиер сме активно посветени кон перспективите. Државата денес е рамноправна членка на НАТО. Отворивме преговори со ЕУ, заштитувајќи го македонскиот јазик и идентитет. Ги решававме актуелните предизвици од ситуацијата во Украина, преку цврстото партнерство со САД и европските пријатели. И тоа што е потребно е разум од сите политички субјекти, дека шансата да направиме нов чекор напред е сега“, рече премиерот Ковачевски.