Денеска пред Споменикот на Слободата -„Сила, слава и победа” на Тврдината Кале положивме свежо цвеќе и оддадовме почит на нашите знајни и незнајни херои кои се изборија за нашата денешна слобода, порача премиерот Димитар Ковачевски и додаде:
На овој историски ден кога ги чествуваме двата Илиндена, се поклонуваме пред хероите кои храбро, достоинствено со огромна пожртвуваност се посветија на идеалите за самостојна, независна и демократска држава.
Вечен спомен и слава на револуционерите, нека е вечна нашата татковина!