Премиерот Димитар Ковачевски во Собранието на Република Северна Македонија ја подне оставката од позицијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија.
При поднесувањето на оставката и средбата со спикерот Талат Џафери, кој ќе го наследи на премиерското столче во последните 100 дена од оваа влада, Ковачевски порача:
Во изминатите две години функцијата премиер ја извршував одговорно, чесно и посветено и со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности.
Во овој мој прв мандат се залагав за остварување на европската визија за Република Северна Македонија бидејќи за нас нема друга опција, освен европскиот пат. Така и ќе продолжам и понатаму бидејќи граѓаните се пред сѐ и над сѐ.
Нашата европска иднина е меѓународно поддржана како никогаш досега. Наша одговорност и обврска е таа иднина да ја обезбедиме што поскоро, за доброто на сите нас, за нашите деца и за идните генерации. Оваа порака ја пренесов и на идниот технички премиер, Џафери, на кого му посакав функцијата да ја врши успешно и професионално.
По изборите, во мојот втор мандат, проевропската Влада која ќе ја предводам ќе биде онаа која ќе ја однесе земјата во ЕУ.