Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат големи достигнувања, европски стандард и подобар живот. Имаме обврска да им оставиме на идните генерации европска Македонија, порача премиерот Ковачевски преку социјалните мрежи.
Тој порачува:
-Во интервјуто за МИА ги нагласив нашите приоритети, достигнувања, но и очекувања дека сите пратеници поединечно се свесни за важноста на историскиот момент и исправноста во носењето на правилната одлука којашто ќе го трасира европскиот пат.
Тоа значи и економски развој и подобар деловен амбиент за компаниите кои инвестираат и во услови на најголемата светска енергетска криза.
Годинава се пристигнати рекордни, вкупно 427 апликации на исто толку компании за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на компаниите, а склучени се 294 нови договори со планирани инвестиции од 365,9 милиони евра, што е тројно повеќе од оние планирани во 2022 година.
Продолжуваме со поддршка на компаниите за нови инвестиции за посилна економија и просперитетна држава.