„Целта на настаот што ќе се случува во Музејот на Град Скопје, ‘Зборувај за Скопје’ е да се спојат генерациите, за и младите генерации да добијат едно чувство за тоа како се градел градот повторно“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на Сител.

Таа додаде дека со повеќе мултимедијални проекции, со учество на разни музички ѕвезди, уметници ќе се направи токму тој спој на генерациите.

„Многу е важно младите генерации да ги воведеме во таа приказна на солидарност пред се, на помагање на едни на други“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исто така ја потенцираше и изложбата во Музејот на современа уметност каде што е претставена историјата, приказната за тоа што се случувало во моментот кога се случил земјотресот, како било Скопје пред тоа, какво било Скопје разурнато, па како Скопје потоа полека се градело.