Вработен во М-НАВ, 39 годишниот П.Б од Скопје, бил лишен од слобода синоќа околу 20 часот на граничниот премин Блаце. Според информациите од МВР, при стандардната пасошка проверка и контрола, било констатирано дека во компјутерскиот систем, до неговото име стои активна мерка „апси“. Лицето било спроведено во полициска станица. Станува збор за лице вработено во М-НАВ кое било нападнато пред два дена во зградата на контролата на летање. Сепак, веднаш по инцидентот, ова лице исчезнува, и не било достапно за органите на правдата да даде исказ за самиот инцидент. Поради тоа, МВР во соработка со Обвинителството во нивниот оперативен систем ставаат дознака дека ова лице се бара, а при неговиот обид синоќа да ја напушти државата, е приведено. Според информациите од МВР, откако со ова лице е извршен информативен разговор, тоа е пуштено на слобода, но со напомена, да биде достапен за понатамошната истрага за инцидентот во контролата на летање.