По повод вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, кога во негов стил рече дека си велел кој кого сега ќе нападне на панел дискусијата, Бугарија Македонија, Хрватска Србија, Србија Косово, БиХ самата себе, Грција Албанија, а Црна Гора ќе се излежува на плажа, бугарската агенција БГНЕС продолжува да анализира и да смета дека станува збор за шокантна изјава на Рама со која Бугарија ја споредил со агресорска Русија. Во нов текст БГНЕС ја пренесува реакцијата за оваа агенција од македонскиот публицист Ким Мехмети. Тој вели дека Рама е заколнат Србин, пренесува МКД.мк

„Не еднаш досега премиерот на Албанија критикуваше функционер на Софија поради нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може ги изненади само оние кои сè уште не го разбрале тоа – по политички убедувања и ставови тој е заколнат ‘Србин’ и како таков гледа наоколу со очи на официјален Белград“, изјави Мехмети за БГНЕС.

Според Мехмети, Еди Рама е заслепен од љубов кон „браќа Срби“, па не сфаќа дека дава придонес во раскинувањето на, како што вели, вековните пријателски односи со Бугарија.

А заради Северна Македонија, како што вели Мехмети, иако мнозинството го зацврстува „својот `рбет со пароли Смрт за шиптари“, додека во Албанија владеат емисари, како што наведува, на Белград.