Денес, Стејт департментот на САД ја објави ажурирана црната листа, на која се најде и поранешната специјална јавна обвинителка  Катица Јанева.

Освен неа, на ажурираната црна листа на САД се најде и актуечниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој воедно е кандидат за претседател.

На црната листа се најде и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку.

Како што се вели во соопштението од Стејт Депарментот нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

-Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител на Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации кои Јанева ги побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност. Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Северна Македонија, Јакимовски беше вмешан во коруптивни дела, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници, се вели во соопштението на Стејт Депарментот.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги определува и членовите на нивните потесни семејства – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски. Потоа сопругот и синот на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски, Жарку и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.