Катар, посредник во конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа, денеска побара итна истрага по денешниот израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени Палестинци и во кој загинаа над 100 луѓе.
Министерството за надворешни работи соопшти дека го обновува „барањето на заливскиот емират за итна меѓународна истрага, вклучително и испраќање независни истражители на ОН, за да се утврдат фактите во врска со континуираното таргетирање училишта и засолништа за раселените лица од страна на израелските окупаторски сили“.