Пратеникот Кастриот Реџепи во „Клик Плус“ на ТВ21 прашан дали е можно да има бугарско сценарио после изборите, се потсети на 2021 година, кога мистериозно „исчезна“ пред седницата за гласање на недоверба на Владата, односно кога требаше да падне Владата.
„Јас во ова студио на една дебата кажав дека сум загрижен дека можеме да одиме кон Бугарско сценарио, кое не би посакувал, гледајќи го расположението тогаш, беше нејасно, целиот состав кој требаше да формира влада, и тоа понатаму се докажа со позиционирањето на партиите. Тогаш бев нападнат од партиите, и потоа една по една партиите влегуваат во влада.“, рече Реџепи.
Тој кажа дека ВРЕДИ ќе биде сериозен партнер за коалицирање, и очекува 15 до 20 пратеници, за да бидат дел од победничката коалиција.
„ВРЕДИ ќе биде сериозен партнер за коалицирање, ќе биде убедлив победник. Очекувам од 15 до 20 пратеници“, изјави Реџепи.























