Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами од прес-конференција во партиското седиште коментираше дека прекршочните пријави за него поради пречекот на косовскиот премиер се неразумни. Според него, иконографија како таа на концертот имало и порано, но никој не бил казнет.
– Од кога ми пратија покана да се пријавам во полиција, десетици пријатели и активисти ми пратија десетина видеа каде има иста иконографија и никому не му отиде на памет да повика некого и да казни. Се надевам дека вакви случаи нема да се повторат затоа што ваква иконографија не е прв пат. Цениме дека се неразумни се сите повици за линчување, казнување на организаторите на тој настан. Во контекст на брзите избори редовно претседателски и се надеваме и работиме да бидат вонредни парламентарни и сите политички актери реагираа во тој дел. Увидувајќи дека опозицијата албанска се окрупнува, тоа што беше цело време повик на Али Ахмети, дајте окрупнете се па да излеземе на избори. Ние сме тука веќе се окрупнуваме и бујрум на избори, истакна Касами.
Според него посетата на косовскиот премиер Курти е позитивна и ги раздвижи работите, па затоа од ДУИ инсистирале за денешната средба на Али Ахмети со косовски министер со кого било разговарано за изградба на патот Тетово – Призрен.
– Затоа треба да не пофалат, а не бараат да се казниме. Поинаку нема да го коментирам. Ако посетат на премиерот на Косово беше погрешна во Тетово и во Вејце тогаш не знам што требаше Али Ахмети да го повика министерот за транспорт на Косово за да разговараат за реализација на истиот проект. Посетата ги даде резултатите, ние сме среќни дека ги даде тие резултати и ние ги охрабруваме властите во Северна Македонија на овој проект. Затоа што овој проект е повеќе во интерес на граѓаните на Северна Македонија отколку граѓаните на Косово. Затоа што со тоа ќе добијат многу пократок пат до море. Знаеме дека морето е богатство и ние мораме да најдеме што пократки патишта да дојдеме до море за економски и општествен развој, порача Биљал Касами.