Во излагањето на Дарко Каевски на пленарната седница за избор на техничка влада истакна дека нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да фрли дамка на изборниот процес, а со тоа и на двојната победа на проевропскиот фронт на претседателските и на парламентарните избори.

-Заедно со мнозинството пратеници, заедно со граѓаните нема да дозволиме деструктивните сценарија на ДПМНЕ да успеат. Во изминатите години СДСМ покажа дека е демократска партија која знае да го штити гласот на граѓаните и нивното неприкосновено право за слободно изразување на нивната волја, рече Каевски.

Тој додаде дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е затоа што тие се нервозни заради изборниот пораз што ги чека.

 

е алиби за изборното фијаско што ги очекува