„Дали СДСМ ќе настапи без Алијанса на албанците, дали со нив и со ДУИ, резултатот е очигледен и тој фронт ќе ја направи идната влада. Од друга страна добро е што има и техничка влада и ДПМНЕ ќе има можност да види како е на власт и доколку не се најде соодветен компромис во наредниот период затоа што таа техничка влада, за укинување треба да има компромис од сите политички партии, ваквото задоволство да бидат техничка влада ќе им го даваме да видат, почуствуваат, како е да се биде на власт. Затоа што едно е сигурно ДПМНЕ нема да биде дел од следната влада,“ рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ во 24 Анализа на ТВ 24, на тема престојни избори и коалицирање.
Каевски за коалиционен партнер на ДПМНЕ ги посочи Левица со кои секаде заеднички делуваат.
„ВМРО-ДПМНЕ и Левица нема да имаат 61 пратеник и ќе бидат многу далеку од таа бројка. Во минатото видовме дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалиционен капацитет,затоа што немаат став за ништо. Таа политичка партија воопшто не е променета. Истите имиња за технички министри,“ додаде Каевски.




















