Независен експерт назначен од ОН го обвини Израел дека извршил „геноцид“ во конфликтот во Газа, откако денеска во израелски напад врз училиште загинаа над 100 луѓе.
„Израел врши геноцид врз Палестинците – еднаш врз соседство, врз една болница, врз едно училиште, врз еден бегалски камп, врз една безбедна зона“, објави на Х – Франческа Албанезе, специјален известител на ОН за правата во палестинските територии.