Во сообраќајна контрола на полицијата, вчера на територијата на Републиката биле казнети  336 возачи за брзо возење.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.

МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.