Израелската управа за аеродроми (ИАА) соопшти дека воздушниот простор на Израел ќе се затвори од 12:30 часот, поради иранскиот напад врз Израел.

ИАА не даде детали за тоа кога летовите ќе продолжат, велејќи дека ќе објави нови информации според развојот на настаните.

Управата препорачува патниците да проверат кај нивните авиокомпании и на страницата на ИАА за распоредот на летови.

Затворен е воздушниот простор над Јордан, како и Сирија, а авионите ги избегнуваат и деловите од воздушниот простор на Ирак и Саудиска Арабија.