Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласирана во главната фаза на Фјучерсот од серијата 75 во италијанскиот град Бергамо, откако денеска претрпе пораз во финалето од квалификациите од 35-годишниот Казахстанец Михаил Кукушкин со 2-1 во сетови.

Ивановски го реши во своја корист првиот сет со 6-3 во гемови, но му дозволи на противникот целосен резултатски пресврт во следните два сета (7-6, 6-4) и претрпе пораз по два часа и 30 минути игра.

Ивановски во дуелот имаше 20 асови, но искористи три од 10-те брејк топки, додека ривалот реализираше три од седумте брејк шанси.

За пласманот во финалето од квалификациите Ивановски ќе освои два поени во бодувањето на АТП листата на која од оваа недела е на 305. место, со што го израмни својот најдобар ранкинг во кариерата.