Италијанската полиција денеска ослободи 33 Индијци кои работеле на фарма во северната провинција Верона во услови слични на ропство, при што се запленети половина милион евра од двете лица кои ги малтретирале мигрантите.
Прашањето за експлоатација на трудот е во центарот на вниманието во Италија по случајот во јуни кога индиски берач на овошје почина откако машина му ја отсече раката.
Тогаш полицијата соопшти дека наводните водачи, исто така од Индија, ги донеле своите сонародници во Италија на сезонска работа, барајќи по 17.000 евра по човек и ветувајќи им подобра иднина. Мигрантите работеле на фармата седум дена во неделата по 10 до 12 часа дневно, а им биле исплатени само четири евра на час, кои дури им биле одземени за да ги платат долговите кон нивните претпоставени. Полицијата наведе дека некои биле принудени да работат прекувремено и без плата да платат дополнителни 13.000 евра и да добијат постојана работна дозвола, која никогаш не ја добиле.
Италија, како и другите европски земји, се соочува со недостиг на работна сила, што често се надополнува преку наводен лажен систем за работни визи за мигранти. Земјата има проблем и со кршењето на законот за работни односи. Според податоците на Националниот статистички институт, од 2021 година, околу 11 проценти од италијанските работници се вработени нелегално, а над 23 отсто во земјоделскиот сектор.