Иранската амбасада во Бејрут соопшти дека израелските напади врз јужните предградија на либанскиот главен град претставуваат „сериозна ескалација што ги менува правилата на играта“.
„Нема сомнеж дека ова злосторство и несовесно однесување претставува сериозна ескалација што ги менува правилата на игра, а сторителот на ова кривично дело ќе биде соодветно казнет“, се вели во соопштението на дипломатската мисија објавено на социјалната мрежа Х.
Либанското Министерство за здравство извести дека според првичните податоци загинале две лица, а 76 се повредени.